Изберете страница

Падна уште еден SonyEricsson

Објавени се фотографии и информации за новиот уред на производителот.

Пред неколку дена пишувавме и дека компанијата се подготвува за сериозни најави на Mobile World Congress во февруари, но сега се појавија и слики од нов уред. Новитетот може да пристигне како наследник на Xperia X10 Mini.

подобро SonyEricsson не успеа

Според досегашните информации, брзината на уредот ќе ја обезбедува Snapdragon процесорот кој работи на 1 GHz. Уредот е опремен со 3-инчен екран на допир кој може да прикажува 320×480 пиксели. Иако на сликите не се гледа физичката QWERTY тастатура, според некои извори, новитетот ќе ја вклучува и истата. Точни информации за телефонот сигурно ќе има најдоцна по февруарскиот настан.

За авторот